Плати брзо и лесно преку нашите сервиси за онлајн плаќање
Без чекање ред во банка и без провизија!
ЈАВЕН ПОВИК БР. 1/2020 за доделување на договор за давање под закуп на движни ствари-опрема за „Градска Плажа“ Стар Дојран со електронско јавно наддавање
Предмет на електронско јавно наддавање е давање под закуп на движни ствари со надомест за период од 5 (пет) години сметано од денот на потпишувањето на договорот за закуп со најповолниот понудувач. Повикот трае почнувајќи од 29.05.2020 год.(петок) до 08.06.2020 год.(понеделник). Јавното електронско наддавање ќе се одржи на интернет страната http://www.e-stvari.mk на ден 12.06.2020 год.(петок) во 10:00 часот.
29.05.2020 Повеќе
На 0 луѓе и се допаѓа ова
Прекин на водоснабдување во Стар Дојран и Нов Дојран
Почитувани корисници, Ве известуваме дека денес 11.05.2020 (понеделник) поради дефект на главната водоводна линија без вода ќе бидат жителите на Стар Дојран и Нов Дојран. Прекинот ќе започне од 07:30 часот и ќе трае до 16:00 часот.
11.05.2020 Повеќе
На 0 луѓе и се допаѓа ова
Прекин на водоснабдување во Стар Дојран
Почитувани корисници, Ве известуваме дека на ден 28.04.2020 (вторник), ќе биде прекинато водоснабдувањето во Стар Дојран поради тековно одржување. Прекинот ќе започне од 09:30 часот и ќе трае најкасно до 13:00 часот.
28.04.2020 Повеќе
На 7 луѓе и се допаѓа ова
Честит Велигден!
Ви го честитаме најголемиот христијански празник и ви посакуваме многу здравје, радост, успех и слога. Христос Воскресна! Навистина Воскресна!
19.04.2020 Повеќе
На 26 луѓе и се допаѓа ова
Прекин на водоснабдување во Нов Дојран
Почитувани корисници, Ве известуваме дека на ден 13.04.2020 (понеделник) ќе има прекин на водоснабдувањето во Нов Дојран поради дефект на главната водоводна линија. Нашите екипи се на терен и интензивно ќе работат на отстранување на истиот. Прекинот ќе започне од 12:00 часот и ќе трае се до завршувањето на работите.
13.04.2020 Повеќе
На 12 луѓе и се допаѓа ова
Препорака во врска со мерките за превенција од ширење на Корона вирусот
Почитувани граѓани, Согласно мерките за превенција од натамошно ширење на Корона вирусот, Ви препорачувме во текот на утрешниот пазарен ден во Нов Дојран да ги почитувате препораките дадени од надлежните здравствени власти со цел зачувување на нашето здравје. Доколку има продавачи, истите да бидат распоредени на доволно растојание, а потрошувачите да го користат пазарот исклучиво само за неопходни потреби.
16.03.2020 Повеќе
На 20 луѓе и се допаѓа ова
Среќен 8-ми март!
На сите припаднички од понежниот пол нека им е среќен празникот 8-ми Март, Меѓународен ден на жената!
08.03.2020 Повеќе
На 32 луѓе и се допаѓа ова
Бетонирање на улица во с.Црничани
Во тек се активности за бетонирање на локална улица во должина од околу 70м во населеното место Црничани.
04.03.2020 Повеќе
На 14 луѓе и се допаѓа ова
Прекин на водоснабдување во Нов Дојран
Почитувани корисници, Ве известуваме дека на ден 02.03.2020 (понеделник) ќе има прекин на водоснабдувањето во Нов Дојран поради тековно одржување. Прекинот ќе трае до 12:30 часот.
02.03.2020 Повеќе
На 4 луѓе и се допаѓа ова