Плати брзо и лесно преку нашите сервиси за онлајн плаќање
Без чекање ред во банка и без провизија!
Активности за дезинфекција
Со цел намалување на ризикот од ширење на постоечкиот вирус, денес од страна на Комуналец-Полин беа спроведени превентивни активности за дезинфекција на јавните објекти и институции на територијата на општина Дојран. Дезинфицирани се пристапите, како и самиот внатрешен простор на објектите, школските дворови, ходниците и училниците во сите населени места. Со ваквите активности ќе продолжиме и во нареднит период, се додека трае пандемијата.
12.12.2020 Повеќе
На 29 луѓе и се допаѓа ова
Донација на материјали и опрема за лична здравствена заштита
Огромна благодарност до Германската агенција за меѓународна соработка (GIZ) и АДКОМ -Здружение на даватели на комунални услуги за донираниот пакет со материјали и опрема за лична здравстена заштита.
18.11.2020 Повеќе
На 44 луѓе и се допаѓа ова
Чистење и уредување на гробишта во село Црничани
Акција за чистење на растителен и друг отпад и уредување на површината на гробиштата во село Црничани
16.10.2020 Повеќе
На 23 луѓе и се допаѓа ова
Прекин на водоснабдување во Нов Дојран
Поради тековно одржување на водоводната мрежа, утре 02.10.2020 (петок) Нов Дојран ќе биде без вода во периодот од 08:00 до 12:00 часот. Ви благодариме за разбирањето.
02.10.2020 Повеќе
На 0 луѓе и се допаѓа ова
Прекин на водоснабдување во Стар Дојран
Поради тековно одржување на водоводната мрежа, утре 01.10.2020 (четврток) Стар Дојран ќе биде без вода во периодот од 07:30 до 13:00 часот. Ви благодариме за разбирањето.
01.10.2020 Повеќе
На 0 луѓе и се допаѓа ова
Прекин на водоснабдување во Нов Дојран
Почитувани корисници, поради поголема интервенција на главната водоводна линија на потегот од бунарското подрачје Топлец спрема резервоарот, утре 23.09.2020 (среда) почнувајќи од 09:00 часот па се до завршување на работните активности, без водоснабдување ќе останат корисниците од Нов Дојран. Доколку има потреба, во текот на денот ќе биде организирана достава на техничка вода со цистерна.
22.09.2020 Повеќе
На 0 луѓе и се допаѓа ова
Прекин на водоснабдување во Стар Дојран
Почитувани корисници, Ве известуваме дека денес 02.09.2020 (среда) во Стар Дојран ќе биде прекинато водоснабдувањето поради тековни проблеми. Прекинот ќе трае најкасно до 12:30 часот.
02.09.2020 Повеќе
На 10 луѓе и се допаѓа ова
ЈАВЕН ПОВИК БР. 2/2020 за доделување на договор за давање под закуп на движни ствари-опрема за „Плажа Карач“ Стар Дојран со електронско јавно наддавање
Предмет на електронско јавно наддавање е давање под закуп на движни ствари со надомест за период од 5 (пет) години сметано од денот на потпишувањето на договорот за закуп со најповолниот понудувач. Краен рок за поднесување на пријавите за учество на јавното наддавање е 31.07.2020 година. Повикот трае почнувајќи од 21.07.2020 год.(вторник) до 31.07.2020 год.(петок). Јавното електронско наддавање ќе се одржи на интернет страната http://www.e-stvari.mk на ден 05.08.2020 год.(среда) во 10:00 часот.
22.07.2020 Повеќе
На 0 луѓе и се допаѓа ова
Прекин на водоснабдување во Нов Дојран
Почитувани корисници, Ве известуваме дека денес 17.07.2020 (петок) во Нов Дојран ќе биде прекинато водоснабдувањето поради замена на вентили како дел од тековното одржување на водоводната мрежа. Прекинот ќе започне од 08:30 часот и ќе трае најкасно до 12:00 часот.
17.07.2020 Повеќе
На 9 луѓе и се допаѓа ова