Плати брзо и лесно преку нашите сервиси за онлајн плаќање
Без чекање ред во банка и без провизија!
Согласно потребите на граѓаните, екипите на ЈПКД ,,Комуналец-Полин" и во текот на месецот што изминува продолжија со своите работни активности. Извршени се повеќе интервенции на повеќе локации. Беше саниран дефект на главната водоводна линија на ул. ,,Едвард Кардељ" во Нов Дојран и саниран дефект на водоводната линија на локација Депонија, населба Карач.
Еден од најголемите проблеми со кој се соочивме месецов беше проблемот со водоснабдувањето во Стар Дојран. Тоа беше решено така што беа ставени во функција препумпната станица Караула која се наоѓа во населбата Калдрма во Нов Дојран со пумпен агрегат со јачина од 22 киловати и водоводната линија што води од Нов кон Стар Дојран за одведување на дополнителна количина на пивка вода во резервоарот над бунарското подрачје Деребаш за потребите на населението во Стар Дојран. Истата линија беше во прекин повеќе години и со нејзино ставање во функција се обезбедени дополнителни 20 до 22 литри во секунда со што сите населби во Стар Дојран вклучувајќи ја и високата зона добија континуирано водоснабдување.
Исто така, беа извршени работни активности за поставување на нова водоводна линија во должина од 85м на локација пред oсновното училиште Кочо Рацин во Нов Дојран и беше даден приклучок на новоизградената спортска сала веднаш до училиштето.
29.11.2019
Повеќе
ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/2019
За засновање работен однос на неопределено време
На следните работни места:
1.1. Назив: Метач - 1 извршител;
Со шифра КДР 0305 В02 020 , во Одделение за собирање,транспортирање и депонирање на
отпад.
Опис на работно место: Рачно и машинско метење на јавните прометни површини,собирање хартија,празнење на корпи,чистење околу контењерите и депонирање на сметот на определеното место.
Посебни услови:
- стекнато најмалку ниво на квалификации I, или основно образование
- со или без работно искуство во струката.
Паричен износ на Нето плата: 13.500,00 denari.
Работно време: од 07:00 до 15:00 часот, 40 часа неделно ,понеделник-петок.
НАПОМЕНА: Предвиденото вработување согласно Годишниот план за вработување на ЈПКД „
Комуналец-Полин„ Стар Дојран за 2019 година е Србин(ка) 1.
1.2. Назив: Водоинсталатер - 1 извршител;
Со шифра КДР 0305 В01 004, во Одделение за водовод и канализација.
Опис на работно место: Управува при санација на дефекти на водоводната мрежа,изработува нови приклучоци,монтирање нова водоводна мрежа и реконструкција на веќе постоечаката водоводна мрежа.
Посебни услови:
- стекнато најмалку ниво на квалификации I, или основно образование
- најмалку една година работно искуство за ниво В1
Паричен износ на Нето плата: 13.750,00 денари.
Работно време: од 07:00 до 15:00 часот, 40 часа неделно ,понеделник-петок.
НАПОМЕНА: Предвиденото вработување согласно Годишниот план за вработување на ЈПКД
Комуналец-Полин„ Стар Дојран за 2019 година е Турчин(ка) 1.
14.11.2019
Повеќе
Почитувани корисници, Ве известуваме дека на ден 14.11.2019 (четврток) ќе има прекин на водоснабдувањето во Нов Дојран поради настанат проблем со пумпниот агрегат на Топлец. Екипите се на терен и работат интензивно на справување со истиот.
14.11.2019
Повеќе
Почитувани корисници, Ве известуваме дека на ден 09.11.2019 (сабота) поради проблем со пумпниот агрегат на Деребаш ќе има прекин на водоснабдувањето во Стар Дојран. Прекинот ќе започне од 11:00 часот. Екипите на ЈПКД Комуналец се веќе излезени на терен и работат на санирање на дефектот.
09.11.2019
Повеќе
Почитувани корисници, Ве известуваме дека на ден 29.10.2019 (вторник) поради неопходни работни активности ќе има прекин на водоснабдувањето во Нов Дојран. Прекинот ќе трае до 11:00 часот.
29.10.2019
Повеќе
Изведба на секундарна канализациона линија на ул. „Нова“ во Нов Дојран
18.10.2019
Повеќе
Покрај секојдневните редовни активности, во текот на месец септември екипите на ЈПКД ,,Комуналец-Полин" беа поинтензивно ангажирани околу одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило. Беше извршена акција за чистење на каналот за атмосферски води во Нов Дојран, каде што беа отстранети наталожениот смет и останатите фрлени отпадоци. Заради поголема прегледност на возачите, искосена е тревата покрај рекреативно пешачката патека помеѓу Стар и Нов Дојран, а со помош на возило на кое има приклучено косачка исечени се гранките и трњата покрај истата. Исто така, беше извршена интервенција на улицата над паркот во Нов Дојран, при што е саниран дефект на водоводната мрежа. Согласно потребите на граѓаните и поради одржување на квалитетот на јавната чистота беа поставени и нови контејнери на повеќе локации. Со цел за поефективно собирање на паднатите лисја во есенскиот период што следува, набавена е и нова смукалка за собирање на лисја и ситни отпадоци наменета за употреба по јавните површини. Екипите на ЈПКД ,,Комуналец- Полин" ќе продолжат и понатаму со сите потребни активности со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните во општина Дојран.
08.10.2019
Повеќе
Ве известуваме дека на ден 30.09.2019 (Понеделник) поради дефект на водоводната линија ќе има прекин на водоснабдувањето во Нов Дојран. Екипите на ЈПКД "Комуналец-Полин,, се на терен и работат на санирање на истиот. Се очекува прекинот да биде саниран најкасно до 13:00 часот.
30.09.2019
Повеќе
Изведба на атмосферски канал на ул. „Христијан Т. Карпош“ во Стар Дојран.
23.09.2019
Повеќе
ЈАВЕН ОГЛАС бр.01/2019 За засновање работен однос на неопределено време На следните работни места: 1.1. Назив: Метач - 1 извршител; 1.2. Назив: Метач - 1 извршител; 1.3. Назив: Водоинсталатер - 1 извршител; 1.4. Назив: Водоинсталатер - 1 извршител; 1.5. Назив: Одржувач инкасант по села - 1 извршител; 2.1. Назив: Машинист на пумпи и резервоари - 1 извршител
18.09.2019
Повеќе